еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Објавен новиот протокол за кафетериите: Нема веќе „стоење“ на шанк, родендени и „музички свирки“

Во Службен весник излезе новиот протокол за отворање и работа на кафетериите.

Неговата содржина Ви ја пренесуваме во целост:

Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително носат заштитни маски и зачестено одржуваат хигиена на раце.

Се ограничува бројот на гости, само на тие кои може да седат.

Не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси.

Задолжително менаџирање при влегување на гостите од одредено одговорно лице пред влезот на угостителскиот објект.

Во просторот за послужување на гости, каде има поставено маси, да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2 m со соседните маси во сите правци.

На една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица.

На една маса со четири столици може да се послужуваат четири лица доколку се од исто семејство.

Задолжително поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса.

Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на пијалоци.

Засилени санитарно-хигиенски мерки, задолжително пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, по заминување на секоја тура на гости.

На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.

Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

Забрането е користење на сушачи за раце во тоалетите и задолжително користење на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.

Забрането организирање на прослави (веселби, родендени и сл.) во отворен и затворен дел од објектот.

Забрането организирање на музички настани во отворен и затворен дел од објектот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: Какви се новите правила за работа на теретаните и фитнес-клубовите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Земјите членки на ЕУ не се едногласни за ембарго на руската нафта

Редакција

Македонските граѓани ќе може да донираат за настраданите во Хрватска, Црвен Крст отвори сметки

Редакција

Велика Британија ја стави Македонија на зелена листа држави на кои им се признаваат сертификатите за вакцинација

Редакција