еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МНР за спотот на партијата на Каракачанов: Предизборни спотови во кои има територијални претензии не се во духот на добрососедство

Во напорите за засилување на дијалогот и зацврстување на довербата, сето во функција на унапредување на добрососедските односи, објавувањето на предизборни спотови во кои се изразуваат територијални претензии и еднострани чувства за припадност и присвојување кон друга соседна држава, не е во духот на градење пријателство и почитување на европските вредности, за кои заедно толку многу се заземаме, реагираат од Министерство за надворешни работи.

„Очекуваме официјалните претставници на Република Бугарија да се оградат и ги осудат ваквите настапи на една од потенцијалните политички учесници во највисокиот дом на Бугарија,“ велат од МНР.

Во предизборниот спот на партијата ВМРО-БНД на поранешниот министер за одбрана, Красимир Каракачанов во моментот кога оди напис „За блгарштината“, се прикажува слика од Охрид, што се толкува како израз за територијални претензии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Партијата на Каракачанов продолжува со предизборни провокативни видеа со територијални претензии кон Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Косово целосно го забрани увозот од Србија

Редакција

Пратеникот Арбен Зибери се врати во Собрание, двата теста за Ковид-19 му биле негативни

Редакција

Едмонд Калиќи на местото на Хавзи Емини во Надзорниот одбор на М-НАВ

Редакција