еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Бугарските власти тврдат дека имало обид за атентат на главниот бугарски обвинител

Експлозивна направа вчера експлодира во близина на автомобилот и колоната на главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев, додека се движела на патот од Самоков кон Софија.

Во инцидентот нема повредени.

– Главниот обвинител бил цел на убиство, изјави заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов.

Тој нагласи дека не станува збор за заплашување, туку за обид за атентат, пренесуваат бугарските медиуми.

Сарафов извести дека дошло до екстремно силна експлозија и дека од експлозијата е формиран кратер со длабочина од 30-40 сантиметри и дијаметар од близу три метри.

-Експлозивната направа очигледно била наменета да убие. Не била со намера да заплаши, изјави Сарафов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добивката на Макпетрол зголемена за повеќе од два пати во првите шест месеци

Редакција

(Видео) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ останува против Законот за јавно обвинителство бидејќи е противуставен

Редакција

„Плацеви на Водно“: Денеска пресуда за „тајниот“ имот на Груевски

Редакција