Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во источните делови, каде ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд, особено претпладне и во ноќните часови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 22 степена.
Утре, особено претпладне, ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен северен ветер, а од понеделник ќе настапи стабилизација со сончево и значително потопло време.
Фото: Unsplash
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.