еМагазин
Image default
Македонија

Обвинение против 28-годишен гостиварчанец кој преку Фејсбук се заканувал на Спасовски

Основното јавно обвинителство Гостивар денеска поднесе обвинителен предлог против 28-годишен жител на Гостивар, кој го сторил кривичното дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 од Кривичниот законик.

Осомничениот, како што соопштија од Јавното обвинителство, преку својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, на 3 јули 2020 година додека бил во Хамбург, Република Германија, се заканил дека ќе изврши кривично дело убиство за кое е пропишана казна затвор од над пет години.

„Упатените зборови со заканувачка природа биле наменети за вршител на функција – претседател на Владата на Република Северна Македонија.

Откако од официјалната страна на премиерот било објавено видео со УРЛ линк, како даден коментар на објавата, осомничениот преку својот профил го упатил коментарот со заканувачка содржина,“ стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одново ќе му се суди на Даравелски

Редакција

Во Македонија активни 11 пожари, а шест се под контрола

Редакција

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа нема нови приеми, вкупно се хоспитализирани 95 пациенти

Редакција