еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинение за три лица во „Империја“

По севкупно спроведена истражна постапка против 19 лица во предметот „Империја“, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против преостанатите три лица, информираат од таму.

Според Обвинителниот акт прво и второобвинетиот сториле кривични дела Злоупотреба на службена пложба и овластување и Перење пари и други приноси од казниво дело, освен овие кривични дела на товар на првообвинетиот му се става и кривичното дело Измама за кое се товари и третообвинетиот.

– Според опишаните дејствија во Обвинителниот акт прво и второобвинетиот и веќе едно осудено лице, во периодот од месец мај до месец август 2013 година како соизвршители ги искористиле своите овластувања како одговорни лица – членови на Одбор на директори на правно лице и претставници на акционерскиот капитал.

Тие заедно по претходен договор, со умисла помогнати  од сведок – соработник на правдата и веќе осудено лице во предметот, прибавиле значителна имотна корист во износ од 4.000.000 евра за три правни лица, а на штета на оштетеното правно лице и 150 малцински акционери.

Со намера да го прикријат изворот од казненото дело, прво и второобвинетиот паричните средства ги пренесувале на жиро сметки на други правни лица, се вели во соопштението од Обвинителство.

Во периодот од месец октомври 2013 година до месец јануари 2014 година двајца сведоци – соработници на правдата, заедно, како соизвршители со прво и третообвинетиот, со намера за себе и за друг да прибават значителна противправна имотна корист, довеле во заблуда едно физичко и едно правно лице.

– Со цел по пониска цена да ги земат акциите што во друго правно лице ги поседувале оштетената и оштетеното правно лице, лажно прикажувајќи факти ја довеле во заблуда оштетената да преземе дејствија со кои нанела значителна имотна штета од 283.591.535 денари на себе си и правното лице за сметка на акциите што ги поседувале и што биле продадени на физички и правни лица за износ од 433.592.465 денари.

Откако со извршување на кривичното дело Измама била прибавена корист за правно лице во кое еден од сведоците на правдата бил сопственик и управител, за да ги прикрие парите дека потекнуваат од кривично дело, по основ на позајмици ги пренел на три правни и едно физичко лице, а потоа уделот од правното лице што го поседувал го пренел на трите правни лица на кои им биле дадени позајмици, па откако имотната корист прибавена со кривичното дело им била исплатена како дивиденда од по 107.833.000 денари, правното лице било пренесено на  оф шор компанија од Белизе и ликвидирано, информираат од Обвинителство.

Паричните средства прибавени од кривично дело и исплатени по основ на дивидендата на правното лице каде членовите на семсјтвото на првообвинетиот биле сопственици, се вели во соопштението, за да се прикрие дека потекнуваат од кривично дело по насоки на првообвинетиот 62.000.000 денари по основ на позајмица биле префрлени на неговата лична сметка, а останатите во износ од 45.833.000 денари правното лице ги пуштило во оптек за плаќање по разни основи.

Од досегашните постапки во предметот „Империја“ , освен Обвинителниот акт против три лица, како што информираат Обвинителство, произлегоа: пресуди за седум лица врз основа на предлог спогодби, истражната постапка што се однесува за МПМ и е против четири лица, меѓу кои едно лице е сведок – соработник на правдата во друг дел од предметот, е доставена на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство Скопје, за две лица донесена е Наредба за запирање на истражната постапка врз основа на чл.304, бидејќи за дејствијата што им се ставаат на товар извршени во период 2002-2004 веќе е донесено решение за истата работа од страна на друго обвинителство, за едно лице истражната постапка е запрена поради настапување на застареност на кривично гонење, за две лица меѓу кои е и лице кое за дел од истражната постапка се спогоди со обвинителствотое донесена Наредба за прекин на истрага поради настапување на околности што привремено го спречуваат кривичното гонење, а се однесува на укинувањето на пресудата за предметот “Трезор“, каде против лицето се водеше постапка за предикативното дело на кривичното дело Перење пари, а во овој предмет се овде за перење и други приноси од казниво дело опфатено во овој предмет и за дејствија од 2009-2015 година за три лица меѓу кои се и двајца сведоци – соработници на правдата се донесени решенија за непреземање на кривично гонење врз основа на член 44 ст.1 т.3 од ЗКП.

Од Обвинителство, исто така, информираат дека воедно, со одлука на судот, а по предлог на ОЈО ГОКК во корист на државата е конфискуван имот во вредност од 10.676.653 евра, а со Обвинителниот акт е доставен и предлог во корист на државата од тројцата обвинети да се конфискува имот во вкупна вредност од 292.333.000 денари или 4.753.382 евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градинките ќе започнат со работа на почетокот на јуни

Редакција

Утре замрзнување на цените на хигиенските производи, во текот на неделата и на дел од овошјето и зеленчукот

Редакција

Обвинение за несовесно работење на поранешен јавен обвинител од Охрид

Редакција