еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Обвинителство ја „чешла“ фирмата која ги ангажирала градежните работници кои загинаа во Шипковица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид на лице место во Шипковица, каде при изградба на потпорен ѕид вчера загинаа двајца работници и издаде наредба за обдукција на телата на починатите.

„Јавниот обвинител нареди да се обезбеди и целокупната документација од правниот субјект кој ги ангажирал работниците, како и документацијата од општината поврзана со изградбата на ѕидот.

На лице место беше повикан и Државниот трудов инспекторат, кој ќе изготви извештај. Во насока на утврдување на причините и проверка на целиот настан, се испитуваат повеќе лица“, информира Јавното обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во тетовска Шипковица животите ги загубија двајца градежни работници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поларен студ во Македонија: Температури до минус 18 степени

Редакција

Димовски: Владата, итно денеска, да го одбие предлогот како недостоинствен и штетен за европската перспектива на Македонија

Редакција

Еден од бисерите на балетската уметност „Есмералда“ од Чезаре Пуњи, ќе биде изведена на 19. февруари

Редакција