еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Уште девет лица уапсени за сексуалната злоупотреба на малолетничката од Велес

Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе (НЕСКМТЛ) при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со Секторите за внатрешни работи Велес, Скопје и Тетово, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал (ОЈО ГОКК) поднесе кривична пријава против 10 лица, за кои постојат основи на сомнение дека се инволвирани во извршување на кривични дела „трговија со дете“ (член 418-г став 1 и 3), „производство и дистрибуција на детска порнографија“ (член 193 став 3) и „полова злоупотреба на немоќно лице“ (член 187 став 2 вв став 1) од Кривичен законик, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Претходно, на 26.01.2023 година Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против С.Д.(25) од Велес за сторено кривично дело „трговија со дете“ (чл. 418-г ст. 1 и ст. 3), Д.С. (32) од Тетово за сторено кривично дело „трговија со дете“ (чл. 418-г ст. 3 в.в. ст. 1) и Д.Н. (25), Т.И. (22) и К.Т. (24) од Велес, за сторено кривично дело „трговија со дете“ (чл. 418-г ст. 3) од Кривичниот законик, за што од страна на Судија на претходна постапка, на С.Д., Д.С., Д.Н. и Т.И. им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, додека на К.Т. му е одредена мерка куќен притвор.

-По преземени понатамошни мерки и активности од страна на НЕСКМТЛ во содејство со надлежното ОЈО ГОКК, утврдени се и други лица, на кои се однесува денешната кривична пријава, за кои постојат основи на сомнение дека се инволвирани во извршување на кривичните дела.

Врз основа на издадени наредби од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, на подрачјето на Велес, Тетово и Скопје извршени се претреси во дом и други простории кај пријавените лица, при што девет лица се лишени од слобода, а по едно лице, кое се наоѓа надвор од државата, се трага.

Од извршените претреси пронајдени и привремено одземени се мобилни телефонски апарати, марихуана, гасен пиштол и други предмети кои се предмет на кривично дело.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против лицата Д.П.Т.(23), А.З.(25), Р.А.(27), Т.Л.(26), С.Н.(25), сите од Велес и Р.В.(21) од Скопје за сторено кривично дело „трговија со дете“ од член 418-г став 3 од КЗ, А.Ф.(22). и Б.Ф.(27) двајцата од Велес за сторено кривично дело „полова злоупотреба на немоќно лице“ од член 187 став 2 вв став 1 од КЗ, К.Б.(31) од Велес и Б.П.(31) од Тетово за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“ од член 193 став 3 од Кривичниот законик, информираа од МВР.

За проширување на истрагата за овој случај информираа и од Јавното обвинителство (ЈОРСМ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со дрога и алкохол сексуално се иживувале врз 14-годишното девојче: Детали од Обвинителството за петте приведени лица од Велес и Тетово

– Имено, во јануари годинава, предметниот обвинител донесе Наредба против пет лица кои сексуално злоупотребувале малолетничка и изготвувале порнографски материјал. По преземените дејствија во текот на истражната постапка, јавниот обвинител прибави цврсти докази врз основа на кои во соработка со Националната единица за сузбивање криумчарење мигранти и трговија со луѓе при МВР денес спроведе акција.

Извршени се претреси на повеќе локации во Велес и на по една локација во Скопје и Тетово, притоа лишени се од слобода девет лица, додека еден осомничен се наоѓа надвор од државата, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесници ќе ја попречат истрагата, како и стравот ако се бранат од слобода дека ќе го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување на мерка притвор за осуммина осомничени и мерки на претпазливост за две лица осомничени за производство и дистрибуција на детска порнографија.

За кривичните дела Трговија со дете и Полова злоупотреба на немоќно лице предвидени се затворски казни од најмалку 8 години, додека за кривично дело Производство и дистрибуција на детска порнографија затворска казна од 3 до 5 години.​

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Обезбедивме терапија која се покажа како успешна против коронавирусот

Редакција

Втор обид за почеток на судењето за случајот „Меѓународен сојуз“, меѓу обвиниети се Боки 13 и татко му и Ременски

Редакција

Поради мерките за превенција од корона вирусот: Премините „Прохор Пчински“ и „Рибарци“ затворени за патници и возила

Редакција