еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Од 1 ноември ќе има топлинска енергија, ЕСМ склучи договор за набавка на гас

И од 1 ноември граѓаните ќе имаат топлинска енергија, уверува министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој на денешната прес-конференција во Владата соопшти дека е склучен договор од страна на ЕСМ за набавка на природен гас за топланите, а за подетелни информации упати на ЕСМ.

– Склучен е договор од страна на ЕСМ за набавка на природен гас. Ќе работи дополнително и Те-То, која ќе покрива 60-70 проценти од потребите на топлинската енергија.

Пропаднаа во вода кажувањата на одредени енергетски екссперти дека требаше уште пред два-три месеца да направиме договори кога цената на природниот гас беше од 3.000 до 4.000 евра за нормален метар кубен, изјави Бектеши, додавајќи дека цените по е направена набавката на природен гас се двојно пониски од овие што ги кажувале експертите.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Познати сите кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за техничката влада

Редакција

„Францускиот предлог“ прифатлив и за Заев

Редакција

(ВИДЕО) Дали победникот на Евровизија шмркаше кокаин во бекстејџ: „Манескин“ велат дека се подготвени да се тестират

Редакција