Од 1. септември за влез во Македонија ќе ви треба потврда за вакцинација и прележан Ковид-19 или ПЦР-тест, одлучи на денешната седница Владата.
„Од 1 септември 2021 година домашни и странски државјани ќе можат да влезат на територијата на Република Северна Македонија доколку претходно на граничниот премин приложат: сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против заразната болест Ковид-19 или сертификат/потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето или медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред влез на територијата на Република Северна Македонија“, информираат од Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во шопинг молови, казина и обложувалници само со потврда за вакцина или потврда за прележан Ковид-19
Фото: Влада