еМагазин
Image default
Македонија

Од 12. мај се отвараат џамиите, одлучи ИВЗ

Исламската верска заедница (ИВЗ) одлучи од 12. мај да ги отвори џамиите за молитва, информираа од таму.

Верниците од вторник можат да одат на колективни молитви во џамиите, а од ИВЗ велат дека одлуката ја донеле поради тоа што во Македонија се намалил бројот на заразени од коронавирусот.

„Вреди да се напомене дека во текот на суспензијата на колективните молитви во џамиите, ИВЗ строго ги спроведе препораките на релевантните институции за заштита на здравјето на населението, свесна за последиците.

ИВЗ е единствената верска институција во земјава која јавно побара од исламските верници да се придржуваат кон препораките за одржување на здравјето, иако ниту еден од надлежните органи не даде позитивна оценка за нас, туку напротив, некои кругови блиски до Владата постојано ја напаѓаа ИВЗ и лидерот на ИВЗ“, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Литијата пример за двојни аршини: Со кој памет драги стружани?

„Построг полициски час само за Струга“: Твитер реакции за верскиот собир

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Радев задоволен од средбите на Петков во Скопје, потсети да не се заборават главните прашања

Редакција

Судењето за убиството на Вања и Панче одложено за 20. септември поради спојување на постапките

Редакција

Засега нема информации за повредени или загинати наши државјани во железничката несреќа во Грција, велат од МНР

Редакција