еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

96 граѓани кои примиле две дози вакцини позитивни на Ковид-19, нема починати, 13 биле хоспитализирани

Министерството за здравство информира дека од вкупно 330.320 граѓани со примени две дози вакцини, 96 биле позитивни на Ковид-19 по примена втора доза вакцина.

„Тоа значи дека само 0,02 % се заразиле со Ковид-19, што укажува колку е важно граѓаните да се вакцинираат.

Од 96-те позитивни, 56 се заразиле во период помал од 21 ден од примената втора доза вакцина. Само 13 од заразените со Ковид-19 биле хоспитализирани.

Двајца од нив во моментов се на лекување и се стабилни, иако еден од нив е со тешко хронично заболување. Нема ниту еден починат пациент со Ковид-19, а кој има примено две дози вакцина,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф.Трајковски: „Со вакцините, ризикот од смрт од Ковид-19 се намалува за цели 18 пати“

Доктор Трајковски ги објаснува симптомите на делта варијантата: „Луѓето не се сигурни дали е коронавирусот или грип“

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието ги избра новите заменици министри

Редакција

Ќе му бидат конфискувани и 25 станови: Мијалков призна вината за „Империја“ и доби три години затвор

Редакција

Во Србија се истражува еден случај кај дете, за кое постои сомневање дека има акутен хепатитис од непознато потекло

Редакција