ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“-Битола од денес, од 9 часот утрово, почнува со брзи ковид-тестови.
На официјалната веб страница на таа здравствена установа се посочува дека изработката на брзи ковид тестови ќе се врши со стандрадна процедура, односно со закажување на пациентите преку „Мој термин“.
-Тестовите ќе бидат бесплатни, денес ќе бидат направени 30 тестови, а резултатите на пациентите ќе им бидат соопштени за неколку часа, посочуваат од тамошниот здравствен дом.
За реализација на оваа активност ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“-Битола адаптира посебен простор кој се наоѓа од северната страна на таа здравствена установа, познат кај битолчани како „зад уредот“.
МИА/Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.