Заменик-амбасадорот на ЕУ во земјава, Џулијан Васало, на денешниот брифинг со новинарите, во однос на бугарските здруженија што се формираат во земјава со провокативни имиња, и на забелешката дека тоа се практично провокации од земја-членка на ЕУ, со став дека Унијата не се занимава со историја, туку гледа кон иднината.
Васало рече и дека тоа се билатерални прашања меѓу двете земји и оти ЕУ не е дел од тој процес.
Тој кажа оти знае дека имало реакции во земјава кога беше отворен првиот клуб на бугарско здружение во Битола и дека Скопје и Софија разговараат за историски прашања и повтори оти во ЕУ се гледа нанапред, а не кон минатото, потсетувајќи дека одлуките во Унијата за прием на нови членки се носат со консензус.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е царот Борис Трети, по кој е именувам вториот бугарски клуб, кој ќе се отвори во Охрид
МИА