еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Од коронавирусот во Кина починаа 106 лица, заразени околу 4.500

Бројот на починати од коронавирусот во Кина надмина 100, а потврдено е дека има повеќе од 4.500 заразени, пренесува Си-Ен-Ен, наведувајќи дека американските власти веќе ги предупредија граѓаните да не патуваат во Кина доколку не е неопходно.

Светските агенции прецизираат дека бројот на жртвите се зголеми на 106 и дека е регистрирана и првата жртва во Пекинг.

Властите во Хубеј, кинеската провинција каде што е жариштето на епидемијата, соопштија дека се потврдени уште 1.300 нови случаи на заразени, од кои поголем број се во болница, а 125 од нив се во тешка состојба.

Американскиот Центар за контрола и спречување болести издаде предупредување за патување од трето ниво, наведувајќи дека треба да се избегнува секое патување во Кина кое не е неопходно.

Притоа се посочува дека кинеските власти воведоа карантин и го ограничуваат патувањето низ земјата.

МИА/Фото: Darley Shen/Reuters

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се симптомите на коранавирусот

МНР: Нема пријавени наши државјани заболени од корона вирусот

(ВИДЕО) Неконтролирано тресење: Како изгледа заразен од коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

12-годишното момче кое по семејна расправија беше пријавено за исчезнато, се вратило дома

Редакција

Најтешко ми е што сум разделена од синот, вели Јанкулоска во интервју за „360 степени“

Редакција

(Видео) Организирана група подигала брзи кредити во име на недолжни граѓани, открива новото истражување на ИРЛ, „Украдени животи“

Редакција