Министерство за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 14 починати лица од Ковид-19: 3 починати лица од Скопје (68г, 83г и 84г), 2 починати од Охрид (80г и 84г) и по едно починато лице од Битола (90г), Делчево (80г), Демир Капија (87г), Кавадарци (70г), Кратово (58г), Крива Паланка (73г), Неготино (79г), Прилеп (69г) и Радовиш (63г).
Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се осум починати лица, од Скопје (3) и по едно починато лице од Гостивар, Дебар, Кавадарци, Кичево и Тетово на возраст од 54г до 80г.
Пријавените се починати во период од 12.01.2022 до 22.01.2022г. Од пријавените лица три се починати во домашни услови, а пет лица во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица (n=22), девет лица се целосно вакцинирани, а кај 18 се регистрирани коморбидитети.
Вкупната бројка на починати е 8.240.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови 718 случаи на Ковид-19, од кои 95 се реинфекции
Убава вест: Оздравени 1.244 болни од Ковид-19
Фото: МЗ