Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 7 починати лица од Ковид-19: 4 починати лица од Скопје (68г, 74г, 75г и 93г) и по едно починато лице од Прилеп (83г), Велес (81г) и Струмица (72г).
Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин, дополнително се пријавени 8 починати лица од: Скопје (3), Гостивар (1), Куманово (1), Охрид (1), Струмица (1) и Штип (1). Починатите лица се на возраст од 62г. до 96г.
Лицата за починати се пријавени во период од 19.02. до 26.02.2022. Од пријавените лица 6 лица се починати во домашни услови, а 2 лица во болнички услови.
Кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.
Вкупниот број на починати е 9.065.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: 749 оздравени од Ковид-19
61 се реинфекции: 389 нови случаи на Ковид-19 од 2.624 тестови
Фото: МЗ