Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 20 починати лица од Ковид-19: 6 починати лица од Скопје (70г, 71г, 75г, 80г, 83г и 95г), по две починати лица од Кочани (60г и 75г), Неготино (78г и 88г), Прилеп (72г и 77г) и по едно од Велес (78г), Кичево (66г), Куманово (83г), Охрид (93г), Свети Николе (80г), Струга (80г), Струмица (76г) и Штип (68г).
Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Ресен (72г), починато во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај 20 лица се регистрирани коморбидитети.
Вкупниот број на починати е 8.768.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
92 се реинфекции: 465 нови случаи на Ковид-19 од 1.707 тестови
Убава вест: 1.880 оздравени од Ковид-19
Фото: МЗ