Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа починале 7 лица од Ковид-19: 2 починати лица од Скопје (61г, и 91г), по едно починато лице од Кочани (74г), Виница (69г), Кичево (56г), Прилеп (73г) и Струмица (69г).
Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 15.09.2021 до 30.09.2021 година.
Починатите лица се 3 лица од Битола и едно лице од Скопје, на возраст од 51 до 80 години. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
Вкупниот број на починати е 6.694.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: 284 оздравени од Ковид-19
Регистрирани 468 нови случаи на Ковид-19 од 4.295 тестирања
Фото: МЗ