еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од Македонија неделава имало јавувања во Бугарија за да не се реши спорот, тврди Османи

Континуирано има обиди Западниот Балкан да не се движи со соодветна динамика кон ЕУ и тоа преку прокси играчи – дали во регионот или нашите држави. Не исклучувам дека и во нашата земја има и ќе има се повеќе. Колку повеќе ќе се зголемат изгледите за изнаоѓање на решение за забрзување на европскиот пат, толку повеќе ќе се најдат вознемирени луѓето коишто цело време работеа оваа перспектива да не се случи, истакна на денешниот брифинг министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Министерот нагласи дека оваа недела луѓе од институции од земјава се јавувале во Бугарија кажувајќи дека не е потребен целиот ангажман затоа што „овде ќе се оди брзо на предвремени избори и дека нема да може ниту да се постигне одредено решение“.

– Сметам дека овие луѓе се на иста линија со оние кои ги коментира премиерот на Бугарија, Петков. Луѓе кои ќе се обидат да го задржат отворено прашањето со Бугарија, да го одржат закочен процесот на европска интеграција, за да може овој регион секогаш да биде платформа за некој да го користи за остварување на свои цели.

Регионот, земјите членки, ЕУ, Трансатлантскиот сојуз имаат потреба за стратешко лидерство во овој период со цел регионот да се консолидира безбедносно, политички и економски, нагласи Османи.

Тој вели дека не може да каже за кои луѓе или институции станува збор, бидејќи тоа се испитува, но како што нагласи, и кај нас и во Република Бугарија ќе има обиди на т.н. „спојлери“ кои ќе се обидат да го попречат процесот на подобрување на билатералната соработка и деблокирање на европските перспективи.

Според министерот, интерес од блокирање на европската перспектива на регионот имаат само трети страни кои, како што рече, посакуваат Европа да биде ослабната, но оти нема да има таква сила која ќе може да ја попречи волјата на нашите граѓани оваа земја да стане членка на ЕУ.

– Стратешки интерес на Бугарија е да биде предводник на европската перспектива на регионот и регионот да се консолидира во правец на европското членство затоа што проширувањето е пред се безбедносно прашање. Бугарија се наоѓа во овој наш регионот. Безбедноста не завршува на границите на една држава, потенцира Османи.

Во однос на вметнувањето на бугарската заедница во македонскиот Устав, Османи вели дека тешко тоа ќе може да се направи пред почетокот на преговорите, но вели дека разговараат со Бугарија дали ќе може тоа да се стори во текот на процесот на преговори или до пред крај на преговорите.

– Ние како држава немаме проблем во имањето исти третман за сите етнички заедници, за внесување не само на бугарската, туку и на останатите, рече Османи.

Прашан дали во преговорите со Софија бараме реципроцитет во однос на говорот на омраза, Османи потенцира дека не само за тоа, туку решенијата кои се разговараат се на база на реципроцитет.

Министерот Османи смета дека има сериозен напредок во политичкиот дел и очекува деновиве да има средба со бугарската министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска во Брисел.

Одговарајќи на прашање на што се темели оптимизмот на бугарскиот премиер Кирил Петков, Османи смета оти тоа е поради неговото убедување дека ова е стратешки важно и за Бугарија и за нас, но и за регионот и за вкупните геополитички односи.

Османи повтори дека кога ќе има решение кое е прифатливо за двете страни, пред да се стави потпис на кој било документ ќе ги информираат пратениците. Ако не можеме за едно прашање да се договориме, вели Османи, тогаш сите други прашања што ќе ги постигнеме ќе бидат недоволни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На крај да не излезе дека Русија ни ставила вето, а не Бугарија, за старт на преговорите со ЕУ

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Извршниот одбор на СДСМ вечерва ќе одлучува дали ќе има предвремени парламентарни избори

Редакција

Мицкоски бара Владата да го објави предлогот, вели дека во него нема ништо друго освен „два модифицирани збора“

Редакција

Известувачот за Македонија побара одложување на гласањето на извештајот за земјава во Европскиот парламент

Редакција