еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Од македонскиот пазар се повлекува целокупниот „Киндер“ асортиман произведен во фабриката во Арлон, Белгија

Атлантик Трејд Скопје ДОО Скопје соопшти дека како дистрибутер на асортиманот на компанијата „Фереро“ во земјава, на барање на производителот „Фереро“, го проширува повлекувањето од пазарот на целокупното производство на Киндер Шокобонс, Киндер Сурприсе Макси 100г и Киндер Мини Микс Пелуче.

Компанијата подвлекува дека на повлекување од пазарот подлежат само оние производи кои се произведени во Арлон во Белгија.

Како што е соопштено, во контекст на тековното испитување за салмонела во соработка со органите за безбедност на храната, „Фереро“ привремено ја затвора својата фабрика во Арлон во Белгија.

Со стапување во сила веднаш, се прекинува целото производство на Киндер Шокобонс, Киндер Сурприсе Макси 100г и Киндер Мини Микс Пелуче, од Арлон.

-Како одговорен дистрибутер ги преземаме сите неопходни чекори за одржување целосна доверба од купувачите и делуваме за брзо повлекување на наведените производи од пазарот.

Ги замолуваме потрошувачите доколку веќе поседуваат некој од горенаведените производи, да не го конзумираат. Може да го вратат во продажното место од каде го купиле, како и да го контактираат тимот за грижа на потрошувачи на [email protected], се наведува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Фероинвест“ го заврши проектот во Грузија – пуштена во употреба и третата хидроелектрана

Редакција

Пукање во Топанско поле: Жител на Арачиново повредил 24-годишен полицаец кој не бил на должност

Редакција

Во мај индустриското производство зголемено за 2,9%

Редакција