Цената на бензините од синоќа на полноќ се зголеми за три денари, а на дизелот останува иста, одлучи Регулаторна комисија за енергетика и водени ресурси.
Малопродажните цени на бензините „Еуросупер БС-95“ и „Еуросупер БС-98“ не се менуваат, додека малопродажната цена на „Еуродизел“ се зголемува за 3,00 денари/литар.
„Еуросупер БС-95“ ќе се продава за 93,00 (денари/литар), а „Еуросупер БС-98“ за 95,00 (денари/литар).
Цената на дизел горивото се зголемува за 3 денари и новата цена е 97,00 (денари/литар), што значи дека дизелот за прв пат има повисока малопродажна цена од бензините.
Од Регулаторна комисија за енергетика објаснија дека новата цена се должи на тоа што продолжува трендот на раст на цените на нафтените деривати на светските берзи и во исто време курсот на доларот во однос на денарот е зголемен за 0,49%.
Во споредба со претходната пресметка се бележи зголемување кај дизелот за 3,616%, кај екстра лесното масло за 2,984% и кај мазутот зголемување за 2,265%. Просечното зголемување на цената, споредено со претходната одлука е во просек за 1,67%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трговците најавуваат затворање на бензинските станици во источниот дел на земјата
Макпетрол: Намалувањето на маржата ќе предизвика криза со горивата и блокада на економијата