еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од партијата на Љубчо Георгиевски велат дека “францускиот предлог“ со ништо не го загрозува македонскиот јазик и идентитет

ВМРО-Народна партија ја анализираше најновата и изменета верзија на „францускиот предлог“, и оценува дека во него нема ништо што го загрозува македонскиот јазик и идентитет, велат од партијата на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски.

“Секој договор е своевиден компромис, но факт е дека бугарската страна има повеќе отстапено од нејзината последна позиција, т.н. рамковна позиција со која Македонија требаше самата да прифати и објави дека македонскиот јазик и нација се настанати од 1945 година.

Затоа ВМРО-Народна партија го прифаќа смета дека не смееме да го испуштиме овој најнов предлог со кој се отвораат македонските евроинтеграци.

ВМРО-Народна партија ги повикува сите критичари на „францускиот предлог“ да не го прават тоа со кампањско отфрлање на целиот предлог, туку да ја конкретизираат својата критика, кој член или кој став од предлогот сметаат дека го нарушува македонскиот идентитет.

Доколку, отсуствуа таквата критика ќе сметаме дека кампањски пристапуваат кон текстот, а немаат никаква суштинска забелешка.

ВМРО-Народна партија не може, а да не го коментира однесувањето на поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров, кој директно учествуваше во потпишувањето на договорот со соседна Бугарија и состави недоречен договор кој до ден денеска ни прави проблеми.

Исто така комплетно го преспа периодот пред донесувањето на „рамковната позиција“ во бугарскиот парламент, а само една негова посета на соседна Софија ќе беше доволна таа рамковна позиција да не биде воопшто ни усвоена.

Затоа сметаме дека во овој момент имаме најмалку потреба од квазипатриотско однесување, туку имаме потреба од државнички однос на сите оние кои се повикани да бидат одговорни за иднината на македонската држава“, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димовски: Сите 7 нормативни точки на македонската Резолуција ќе бидат прекршени ако Владата го прифати „францускиот предлог“

Катица Ќулавкова за „францускиот предлог“: Не смее да помине овој акт на самонегација и негација, на самопонижување и понижување

Фото: ВМРО-НП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има простор да се изнајде решение и да се донесе новиот закон за јавно обвинителство, вели Османи

Редакција

Во ноември регистрирани 37 случаи на шуга

Редакција

Михајловска: Хоспиталниот третман на дебелина во болницата „Жан Митрев“ дава одлични резултати – пациентите полесни и до 50 кг за месец дена

Редакција