еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од петок стабилизирање на времето, за викендот до 13 степени

Во следните два дена ќе преовладува променливо облачно и студено време со слаб локален снег.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено во четврток во источните делови.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од петок времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Утре минималната температура ќе се движи од -8 до 2, а максималната дневна од -2 до 7 степени.

За време на викендот ќе биде потопло, во сабота до 13, а во недела до 11 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина прим. д-р Илија Антоновски, еден од основоположниците на современата медицинска биохемија во Македонија

Редакција

Спасен маж кој бил завеан од снегот во селото Радња на Кожув

Редакција

Македонската берза го прекина тргувањето поради вонреден пад на индексот МБИ10

Редакција