еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Од петок во Црна Гора влез во ноќни клубови, дискотеки и во затворени објекти само за вакцинирани и тие што прележале Ковид-19 или со тест

Црна Гора ќе добие Национален сертификат за дигитален Ковид, што би бил во употреба од петок, 30 јули, кога се очекува црногорската влада да објави коригирани мерки во борбата против коронавирусот, соопшти Министерството за здравство во Подгорица.

Министерството потсетува дека е најавено дека само оние кои исполнуваат одредени услови ќе можат да посетуваат ноќни клубови, дискотеки и внатрешност на угостителските објекти.

Националната дигитална ковид потврда, направена по пример на ЕУ-дигиталниот сертификат, ќе содржи, меѓу другото, информации за тоа дали некое лице е целосно вакцинирано или ја примило првата доза на вакцина против коронавирусот.

Сертификатот ги наведува датумот и времето на негативниот ПЦР-тест на Ковид-19, а се прифаќа негативен тест не постар од 72 часа.

Сертификатот содржи доказ дека лицето го прележало вирусот, односно доказ дека поминале помалку од 180 дена од позитивниот PCR тест, доказ за негативен брз тест на антиген и БАТ, што не е постар од 48 часа.

Дигиталниот сертификат е бесплатен и е достапен во печатена или дигитална форма.

Сертификатот може да се зачува и прикажува на мобилниот телефон. Нема суштинска разлика помеѓу дигиталните и печатени верзии на сертификатот, бидејќи кодот во двете верзии е гаранција за валидноста на податоците што се прикажуваат, објавија „Вијести“.

МИА/Фото: Photo by Luca Iaconelli on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Американец уби 6-годишно дете со палестинско потекло поради војната во Израел

Редакција

(Фото) Охрид SOS: Додека Владата држеше седница во Охрид, камиони истураа градежен шут на брегот

Редакција

Италијанска компанија во постапка без оглас го доби тендерот за дополнителни работи на Албанскиот театар

Редакција