Сто педесет и една илјада и 359 невработени лица се регистрирани во Агеницјата за вработување на крајот на септември 2020 година. Во евиденцијата на невработени според обајвените податоци од почетокот на ковид-кризата бројот на невработени е поголем за 43.627 лица.
Од Агенцијата појаснуваат дека со состојба на 30 септември 2020 година евидентирани се 14.819 невработени лица по основ на прилив од работен однос за кои престанокот, односно одјавата од задолжително социјално осигурување е регистрирана во периодот по 11 март 2020 година,
односно во периодот на кризата предизвикана од Ковид-19.
Во текот на септември бројот на оние кои стекнале статус на невработено лице изнесува 13.702. Во евиденција на невработени се пријавиле 2.096, 3.880 се симнати од евиденција на невработени по сите законски основи, 1.411 се лица од евиденција на други лица кои бараат работа, 7.102 се лица кои престанале да се водат во евиденција на невработени, 1.053 се симнати од евиденција по законски основ, а 1.385 лица преминале во евиденцијата на други лица кои бараат работа.
Од Агенцијата појаснуваат дека за 4.464 лица кои се стекнале со статус на невработени лица во периодот од 01.09.2020 до 30.09.2020 година по основ на прилив од работен однос, одјавата од задолжително социјално осигурување е регистрирана во периодот по 11 март 2020 година, односно во периодот на кризата предизвикана од Ковид-19 вирусот.
Во текот на септември годинава 4.664 лица засновале работен однос, а слободни работни места објавени на Агенцијата се 5.754.
Корисници на право на паричен надоместок согласно Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност во септември 2020 година биле 6.800 лица, од кои технолошки вишок се 1.755, сезонци 4.656 и 389 стечајци.
Во март кога почна ковидкризата во евиденцијата на Агенцијата биле регистрирани 107.732 невработени лица, во април тој број се зголемил на 114.762 лица, во мај на 121.187 лица, во јуни 133.455 лица, во јули на 141.777 лица, во август достигнува 144.759 невработени лица и во септември 151.359 лица.
Од регионите најголем дел од лицата без работа останале во Скопскиот, во Тетово, Куманово, Гостивар…
Во Скопје од март до септември бројот на невработени се зголемил од 19.273 на 29.686 лица, во Битола од 4.987 на 6.720, во Велес од 4.021 на 5.341, Виница од 669 на 1.041, Гевгелија од 960 на 1.940, Гостивар 7.022 на 10.653, Дебар од 2.123 на 2.938, Кичево од 2.826 на 4.037, Кочани од 2.593 на 3.608, во Крива Паланка 2.477 на 2.986, Куманово 12.412 на 15.734, Прилеп од 7.157 на 9.060, Струмица од 4.476 на 6.521, Тетово од 13.190 на 18.563 и во Штип од 2.674 на 4.344 невработени лица.
МИА