еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Фото) Од птичји грип угинале над 500 пеликани во грчкиот дел на Преспанско Езеро

Деновиве во Преспанско Езеро во Грција беа пронајдени повеќе од 500 мртви пеликани, информираат од Македонско еколошко друштво (МЕД).

“Пеликаните беа забележани од страна на нашата партнерска организациja од Преспа, Нет Society for the Protection of Prespa (SPP). Потврдено е дека причината за угинатите птици е птичји грип H5N1.

Информирани се сите наши релевантни институции, а вирусот е потврден и кај нас во одделен случај. Соодветните организации ја следат состојбата и се очекува дека и кај нас може да бидат забележани нови случаи“, велат од МЕД на нивниот Фејсбук профил.

Фото: Нет Society for the Protection of Prespa/O.Alexandrou/SPP Archive

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Снимките од Буча се „нарачка“ од САД и НАТО за да се обвини Русија, вели портпаролката на руското МНР

Редакција

(Мапа) Штип, Скопје, Свети Николе и Прилеп со најмногу случаи на Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

Празни станови во Скопје, а цената на квадратот постојано расте

Редакција