еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Од среда пет дена Пиволенд во Скопје: Кој се ќе настапи

Дали скопјани можат да испијат повеќе пиво од последното издание на Пиволенд во 2017 година? Скопјани како големи љубители на добра забава и квалитетно пиво, се подготвени да постават нов пивски рекорд на Пиволенд 2022.

Оваа манифестација по пауза од 5 години повторно се враќа пред скопската публика, со програма која ветува добра забава со повеќе од 50 музички артисти, над 100 видови на пиво, два стејџа и новитети кои ќе овозможат уште едно незаборавно издание на Пиволенд.

На овогодинешниот Пиволенд ќе бидат поставени две сцени, „Main stage“ и „Craft stage“.

На „Main stage “ќе настапат познатите македонски и балкански музички изведувачи, додека „Craft stage“ ќе биде наменета за љубителите на алтернативната музика и младите талентирани артисти.

Пиволенд 2022 има за цел промоција на македонски и интернационални брендови на пиво, креирање на пивски бренд фестивал на локално и регионално ниво, зајакнување на пивската култура во Македонија, поддршка и афирмирање на млади македонски музички артисти пред публиката, како и промоција на Скопје како град на љубителите на пиво.

„Мораме да споменеме дека овогодинешниот Пиволенд го враќаме во полн сјај. Подготвени сме да понудиме богата петдневна музичка програма со над 50 музички имиња од Македонија и Балкан, дегустација на повеќе од 100 видови на пиво и одлична храна која ќе ги задоволи сите вкусови и ќе го направи Скопје среќно и центар-место на пивото на Балканот.

Оваа година со промената локација, за разлика од традиционалната локација на Скопското Кале, целата манифестација ќе биде организирана на Плоштад Македонија. Очекуваме голем број на посетители не само од Скопје, туку и од целиот регион“, велат организаторите на Пиволенд.

Пиволенд 2022 ќе трае 5 дена. Програмата започнува на 31.08.2022 (среда) и ќе трае до 04.09.2022 (недела), а влезот за посетителите ќе биде бесплатен.

Атрактивните сцени за артистите, богатата локална кујна, одличната музичка програма, големиот број на забавни активности и пеtте години пауза алудираат на нови рекорди на посетеност на Пиволенд и испиено пиво.

Премиерен настап на Пиволенд ќе има инклузивниот рок бенд “Сол Ночиво” во кој учество земаат млади од здружението “Во мојот свет”, кое се грижи за помош и поддршка на лицата со аутистичен спектар.

Овогодинешниот Пиволенд ќе биде и од општествен карактер. На штандовите на Плоштад “Македонија” посетителите ќе имаат можност да купат брендирана маица со Пиволенд 2022 која би претставувала убав спомен од целата манифестација, а со секоја продадена маица се донираат 100 денари за здружението “Во мојот свет”.

„Дојди, Види, Испиј!“ – Пиволенд 2022

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Заветна“ уште една нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“, во изведба на Бојана Скендеровски

Редакција

Убава вест: Само три нови случаи на Ковид-19 од 1.325 тестирања, сите од Скопје

Редакција

Војната во Украина предизвика „совршена бура“ од глобални кризи, кои можат да донесат хаос, предупредуваат од ОН

Редакција