Од утре следува период кога во претпладневните часови ќе преовладува сончево време, а во попладневните на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат за време на викендот.
Минималната температура во следните три дена ќе биде од 12 до 22 степена, а максималната од 27 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8, односно 7.
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Попладне ќе има појава на изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.