еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од утре дожд, за викендот посвежо дожливо и со ветер

Од Управата за хидрометеролошки работи (УНХР) информираат дека времето утре ќе биде облачно и посвежо.

Почнувајќи од северните и северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд кои во текот на денот ќе се прошират насекаде.

Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови, каде се очекува да наврнат над 20 литри на метар квадратен. На некои места врнежите ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи.

Претпладне ќе дува слаб до умерен јужен, а попладне и кон крајот на денот засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието.

Во Скопје ќе биде облачно, уште од претпладне со врнежи од дожд. Попладне ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Како што соопшти УХМР, преодно стабилизирање на времето ќе има в четврток.

Од петок попладне под влијание на нов влажен и постуден бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. В петок и сабота ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец.

До крајот на неделата минималната температура ќе биде во интервал од нула до 12 степени, а максималната од 12 до 19 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гостиварец на 36 години и скопјанец на 25 години починаа од корона вирусот

Редакција

Новиот концепт за образованието помина на Влада: Историја се спојува со општествени науки, а албански јазик ќе биде изборен предмет

Редакција

Температура најчест: Кои се другите симптоми кај заболените со Ковид-19 во Македонија

Редакција