еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

Од утре и фирмите можат да го користат единствениот таг на автопатите во Србија и Македонија

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ изјави дека од утре сите правни лица ќе можат да станат корисници на веб-платформата за електронска наплата на патарина, преку која ќе им биде овозможено плаќање патарина преку интернет за возење на автопатите во Србија и Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Заедничкиот таг меѓу Србија и Македонија се покажа како одличен потег, за што најдобро говори фактот што речиси 20.000 луѓе во Србија ја искористија можноста да патуваат низ двете земји со еден таг, истакна Весиќ.

Тој, како што соопшти ресорното Министерство, додаде дека компаниите со заедничкиот таг ќе го забрзаат протокот на стоки и услуги и појасни дека можноста за користење на заедничкиот таг ќе важи за сите правни лица кои сакаат да станат нови корисници, како и за постоечките корисници на припејд системот и за оние кои имаат договор со ЈП „Патишта Србија“, како овластен дистрибутер за електронска наплата на патарина во постпејд системот.

Весиќ рече дека сите правни субјекти треба да ги проверат дневните лимити на платежните картички пред да станат корисници на веб-платформата, за да се уверат дека се во рамки на нивното планирано дневно трошење.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МИ-ДА го доби тендерот на НБРМ за набавка на четири возила

Редакција

(Фото) “Македонска пошта“ издаде поштенски марки со карта на „Голема Хрватска“, целиот тираж ќе биде поништен

Редакција

Пад: Регистрирани 88 нови случаи на заболени од корона вирусот од 973 тестирања

Редакција