Премиерот Оливер Спасовски во гостување во емисијата „Вин-вин“ на „Телма“, најави дека најверојатно утре ќе се донесат мерки со кои секој оној што не ја почитува наредбата за домашна изолација, автоматски да биде префрлен во центрите за карантин и повторно апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките што им се наложени.
– Имаме два типа на самоизолација – со решение за здравствен надзор лица кои се директно во контакт со лице со коронавирус и нив ги посетуваат патролни служби. Има неколку случаи каде што не се почитува решението за изолација и на нив веќе им се изречени парични казни. За затвор се уште нема.
И луѓето кои се враќаат од државите со среден и висок ризок потпишуваат изјава дека ќе се држат до самоизолација. Најверојатно утре ќе донесеме одлука дека оние кои нема да бидат во самоизолација, а мора да бидат, при проверка ќе ги носиме во центрите за изолација. Затоа мојот апел е тоа што треба да го испочитуваат, да го испочитуваат, рече Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Многу е просто, колку ќе трае кризата со корона вирусот зависи од НАС
На Водно ќе нема движење од 18 часот до 6 наутро, за да се спречат забавите и собирањата
Се забранува собирање во група, повеќе од 5 лица во паркови и на други јавни места и површини