еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарија одби да го регистрира македонскиот клуб “Никола Вапцаров“ во Благоевград

Од македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ информираат дека им била одбиена регистрацијата откако на 7 февруари до Агенцијата за регистрација во Благоевград ги доставиле основните документи за здружението и најавуваат дека истото ќе го обжалат на суд.

-На 10 февруари добивме решение за одбивање на регистрацијата, што значи дека на нашето здружение му е ускратена легитимноста и е забранета, велат од таму и посочуваат дека македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ – Благоевград беше отворен по приватна иницијатива на крајот на октомври годинава, а неодамна му беше скршен и излогот, по што беа приведени четири лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема пријава, бугарските службеници кои го вандализираа македонскиот клуб пуштени од притвор, инцијатор била една од сопругите

Вработени во општинско претпријатие со сопругите го вандализирале македонскиот клуб, градоначалникот на Благоевград нема да ги казни

-Целите на здружението, декларирани од клубот, се: „културна комуникација меѓу народите и земјите од Балканот за мир и добрососедство, како и поддршка на универзалните човекови права, вклучително и правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата, посочуваат од таму.

-Сметаме дека ова одбивање е непринципиелно. Во одбивањето е цитиран единствен правен текст – од Уставот на Република Бугарија – чл. 12, ст. 2, дека здруженијата на граѓани не можат да поставуваат политички цели и да вршат политички активности, кои ние, како што може да се види од горенаведените цели, не само што сме ги запазиле, туку дополнително сме напишале експлицитно во статутите кои нашето здружение ги нема за целта на вршење политичка дејност. Сепак, имаме одбивање за регистрација, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фотографии од демолираниот македонски клуб во Благоевград, ОМО Илинден Пирин бара истрага од бугарските власти

Фото: ОМО-Илинден Пирин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија ќе го премести нуклеарното оружје во близина на границата на НАТО

Редакција

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Редакција

Израел е во војна, изјави премиерот Нетанјаху

Редакција