Остварените единечни вкупни приходи на „Алкалоид“ АД Скопје во периодот јануари – септември 2018 година изнесуваат 5.791.022.000 денари и во споредба со остварените во истиот период во 2017 година бележат пораст од 8%, соопшти компанијата преку Македонската берза.
Остварената единечна нето добивка во 2018 година изнесува 611.467.000 денари и во споредба со остварената во 2017 година бележи зголемување за 8% Остварената консолидирана нето добивка во 2018 година изнесува 587.393.000 денари и во споредба со остварената во 2017 година бележи зголемување за 6%.
„Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 95%, имаат приходите остварени со продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во 2017 година бележат пораст од 7%. Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот јануари – септември 2018 година изнесуваат 7.398.630.000 денари и во споредба со остварените во истиот период во 2017 година бележат пораст од 8%.
Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 98%, имаат приходите остварени со продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во 2017 година бележат пораст од 9%“, информираат од компанијата.
Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари – септември 2018 година изнесуваат 5.134.228.000 денари и во споредба со остварените во истиот период во 2017 година бележат пораст од 8%.
Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – септември 2018 година изнесуваат 873.482.000 денари.
Во периодот јануари – септември 2018 година во „Алкалоид“ се реализирани 144 нови вработувања во Република Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За 11 години, компанијата Алкалоид вложила 1,35 милиони евра во стипендирање лекари и фармацевти