еМагазин
Image default
Македонија

Одложена оценката на обвинението за организаторите на настаните од 27. април

Советот за оценка на обвинителн акт кој постапува по обвинението поврзано со случајот „Организација на настаните од 27 – ми април 2017“ по барање на одбраната, денеска ја одложи закажаната седница и на одбраната и дозволи увид во комплетниот доказен материјал.

-Одбраната истакна дека Обвинителството во досегашниот тек на постапката не им дозволил увид во сите списи од предметот па со цел заштита на правата на странките, Судот во согласност со одбраната на 11 – ти ноември дозволи во текот на целиот ден да вршат увид во списите. Со оглед дека ниту обвинителот, ниту одбраната не можат порано да присуствуваат на термини кои им беа понудени од советот, седницата за оценка на обвинителниот акт е закажана за 06.12.2019 година, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Воедно, како што стои во соопштението, на денешното барање на одбраната за присуство на јавност на седницата, Советот ги известил странките дека, иако од претходно закажано, досега никој не се обратил со барање за присуство на јавноста на конкретната седница и Советот нема донесено решение за исклучување на јавноста, а по добиено конкретно барање Советот дополнително ќе се произнесе, со оглед дека денешната седница беше одложена.

-Претходно, како што неколку пати досега преку соопштенија и брифинзи со новинарите Судот извести дека одбраната во конкретниот предмет поднесе барање за иземање на сите судии кај кои согласно АКМИС – системот беше распределен актот, бидејќи истите учествувале во други постапки поврзани со кривично – правениот настан.

Со оглед да беа исполнети условите од ЗКП, барањата беа уважувани и беа иземени 8 од 9 судии во Одделението за организиран криминал и корупција, се наведува во соопштението.

Се со цел да не се дозволат дополнителни одолговлекувања на оценката, како што велат од Основниот кривичен суд Скопје, предметот беше рапределен кај Совет од одделот Кривично полнолетни и беше закажана седицата.

Основното јавно обвинителство за организација на „27 април“ ги сомничи поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, екс-директорот на УБК, Владимир Атанасовски и поранешниот заменик началник во петтата управа Никола Бошковски.

За насилствата во Собранието од 27 април 2017 година, на 15 март годинава на вкупна затворска казна од 211 години беа осудени 16 лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицотакис најави „многу непријатно искуство“ на Самитот на НАТО, ако не се употребува уставното име

Редакција

„Викиликс“: Глигоров бил за решавање на спорот за името, но да не се поминат „црвените линии“

Редакција

Зборот Македонија со промена на Уставот останува само во член 36: Што пишува во него?

Редакција