еМагазин
Image default
Македонија

Одложено судењето за „Титаник“: Не се појавил Мартин Протуѓер, издадена наредба за полициско спроведување

Судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ се одложува за 26 ноември, поради отсуство на обвинетиот Мартин Протуѓер.

Судијата Осман Шабани, рече дека Протуѓер не го известил судот до почеток на денешното рочиште за своето отсуство. За следната расправа, судијата, даде наредба за полициско спроведување на Протуѓер.

За следното рочиште се повикани четворица сведоци. Претходно бранителот на Миле Јанакиевски, адвокатот Еленко Миланов, побара од Судот денешната расправа да заврши до 12 часот, поради закажана јавна седница пред Врховниот суд за неговиот клиент.

Предметот се наоѓа во доказна постапка и застапник на обвинението е Лиле Стефанова. Освен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Случајот го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО), за потоа да го преземе државното Јавно обвинителатво, а случајот повторно беше распределен на јавната обвинителка Лиле Стефанова.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Џафери ја добил интерпелацијата, седницата ќе биде закажана согласно роковите и процедурите

Редакција

Спасовски не открива детали за истрагата за руската вмешаност во Македонија

Редакција

Одложени две судски рочишта за уривањето на „Космос“ на Фијат Цановски

Редакција