еМагазин
Image default
Бизнис

Одложено судското рочиште меѓу штипски „Бетон“ и грчки „Интеркат“

Судското рочиште меѓу штипската градежна компнаија „Бетон“ и грчката „Итеркат“, што беше закажано за денеска е одложено за на 24 декември, информираат од Основниот суд во Штип.

„Бетон“ побарува пари за извршените градежни работи на новата Клиничка болница во Штип. Овој судски предмет е повторно пред првостепениот суд, откако Врховниот суд го врати назад.

Основниот суд во Штип лани донесе одлука и за блокирање на сметката на грчката компанија, а штипски Бетон во два наврати побара и стечај, а овој предмет сега е во Граѓанскиот суд во Скопје.

– Пред Основниот граѓански суд Скопје поднесени се две барања за покренување стечајна постапка од страна на Бетон АД Штип против ПСТД Интраком Констракшнс – Интеркат. И во двата наврати барањето е одбиено. Едното решение станално правосилно во ноември лани, другото во февраури годинава, се вели во писмениот одговор на Основниот граѓански суд во Скопје.

Од епилогот на судските рочишта ќе зависи и понатамошната изградба на новата зграда на Клиничка болница-Штип.

Минатиот месец Банката за развој на Советот на Европа најави повлекување од проектот, токму поради бавната динамика на изградба. Министерствата за здравство и за финансии сега бараат дополнителни 14 милиони евра.

Болницата требаше да биде изградена до 2019 година, а во современиот-дијагностички центар здравствена услуга да добиваат над 250.000 жители.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во блок-трансакција продадени 33.675 акции од „Современ дом“

Редакција

Душко Чифлиганец на EqualXChange конференцијата: „Мое златно правило е секогаш да се опкружувам со попаметни луѓе од мене“

Редакција

За тројца членови на Управниот одбор на УНИ Банка лани надоместоци од 555.000 евра

Редакција