еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Одобрени нови 733, а вкупно до сега 2.009 кредитни барања од компаниите со поддршка од Европската унија

Нови 733 кредитни барања се одобрени од третата бескаматна кредитна линија со грант компонента, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, информира Развојна банка.

Досега, се одобрени вкупно 2.009 кредитни барања, со вкупен износ од 23 милиони евра. Кај овие 2.009 апликанти, вработени се вкупно 15.197 лица.

Според структурата, 1.123 кредитни барања се од мали компании, додека 741 се од микро компании. Вкупно 106 кредитни барања се од трговци-поединци, додека 39 се од занаетчии.

Најголем дел од одобрените 2 009 кредитни барања се за фирми од Скопскиот регион (31 отсто), следи Полошкиот (14 проценти), па Југозападниот и Југоисточниот регион (по 12 отсто)…

„Кредитните барања се обработуваат хронолошки, според времето на пристигнување, согласно со Јавниот повик и информациите наведени во него. Досега е донесена одлука за 2.264 кредитни барања, кои пристигнале заклучно со 20 декември, до 18 часот, од кои за 255 е утврдено дека не ги исполнуваат условите од Јавниот повик.

Најчест услов кој апликантите не го исполнуваат е поврзан со барањето за капиталот во билансните позиции за 2019 година. Имено, 88 кредитни барања имале негативен износ на капитал во билансите, 72 кредитни барања биле поднесени од апликанти кои не се опфатени со Јавниот повик, односно не се микро или мало трговско друштво, трговец-поединец или занаетчија,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За португалската министерка за Европа, македонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот

Редакција

Фон дер Лајен гарантира дека договорот за Фронтекс ќе биде преведен на македонски јазик

Редакција

Хрватскиот претседател Милановиќ: Тоа што го бара Бугарија од Македонија е влегување во интимен простор и тоа не се прави

Редакција