Основниот кривичен суд Скопје денеска соопшти дека по одобреното обвинението за „Поштенска банка“ формиран е кривично – правен предмет, кој согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија.
-Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ги следат јавните расправи во Основниот кривичен суд Скопје, ја информираме јавноста дека Обвинителниот акт со КОК – ооа 60/20 поврзан со „Поштенска банка“ против девет лица обвинети за кривичните дела Злoупотреба на службена положба и овластување, како и Перење пари и други приноси од казниво дело, по одржана седница на советот за оценка, донесено е решение со кое обвинението се одобрува во целост, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје.
По одобрениот обвинителен акт, како што посочуваат од Судот, формиран е кривично – правен предмет со КОК бр. 124/21 за кој откако согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија, ќе биде насроечна главната расправа за што странките ќе бидат дополнително информирани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинение за „Поштенска банка“: Девет лица обвинети за перење на над 9 милиони евра