еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

Огнен Узуновски: Десет години „Излет“- измешани чувства, разнолики луѓе и приказни

Утре, скопското кафуле „Излет“ одбележува 10 години од своето постоење. Прославата почнува во 17 часот и ќе трае се до 1 часот по полноќ. На годишнината на „Излет“ ќе настапи холандската легенда San Proper (Сан Пропер).

Покрај Сан како музичка поддршка настапуваат и локалните артисти Узун Баба, Ulterior, Сашо Узун и Bruv.

Ова кафуле сместено во срцето на Скопје, кое има релаксирана и зелена градина, каде секој посетител барем за момент губи ориентација дека се наоѓа помеѓу скопскиот бетон, изминативе години стана урбан симбол на градот.

„Десет години „Излет“ мене ми звучат прилично многу – измешани чувства, разнолики луѓе, инакви доживувања, различни приказни… Преку цела оваа симбиоза на искуства, Излет стана урбан симбол на Скопје.

Пред моите очи гледав како се менуваат генерации, а повеќето од нив заслужуваат сериозно внимание и некако ти се полни душата кога ги гледаш сите тие надоаѓачки генерации и веруваш дека не е се изгубено, дека има надеж… Низ годините „Излет“ има претставено и многу изложби, промоции на книги, има организирано многу конференции за печат, досега имаат настапено голем број домашни и странски артисти…“, вели сопственикот на „Излет“, Огнен Узуновски.

По прославата во „Излет“, после полноќ се отвора летниот ноќен клуб Сектор 909, каде ќе настапат следните артисти: Dj UX (Oubli), Soul Case ( Oubli), Air Bear, Сеул и Lipelis, Москва.

Дел од артистите што ќе нстапат во престојниот период во Сектор 909 се: Henrik Shwarz (Хенрик Шварц) од Берлин-Германија, кој настапува на 7ми јуни, на 12ти јуни Џијан Емин- Квартет, на 13ти истиот месец славниот Derrick May (Дерик Меј) од Детроит-САД…

„Сектор 909“ секогаш се труди и успева да остане оригинален со претставување на различни музички жанрови, еминентни артисти од целиот свет, претставување на домашни артисти и бендови, квалитетен звук и разни декорации.

Наскоро, „Сектор 909“ нема да биде повеќе само летен и зимски клуб, туку ќе започне со работа и на својот нов музички label (лејбел). Прво издание за„Сектор 909“ ќе има Јоханес Волк (Johannes Volk) артист од Германија, кој веќе има настапувано неколку пати во клубот, следат Нино Шебелиќ од Србија, Роберто Боско Италија и други странски и домашни артисти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пуштен во употреба One-stop-shop на Ќафасан, граничниот премин со Албанија

Редакција

Убава вест: 69 оздравени од Ковид-19

Редакција

Убава вест: Оздравени 90 лица кои боледувале од корона вирусот

Редакција