Охрид и охридскиот регион за сега се спасија за да не завршат на листата на загрозени подрачја на УНЕСКО.
Општината Охрид и Македонија имаат рок до февруари 2020 година да ги спроведат препораките за заштита на природните богатства, решија од УНЕСКО на 43. сесија во Баку, Азербејџан.
Македонската делегација на сесијата ги информирала експертите на УНЕСКО дека веќе била запрена изградбата на дивоградби и дека до поставениот рок ќе може да ги спроведе препораките.
Само во заштитениот појас на Охрид, има 409 дивоградби, информираа неодамна од Општината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Информацијата очекувано предизвика реакции во јавноста и на социјалните мрежи, а еве дел од твитовите:
"УНЕСКО го услови Охрид, до Февруари да ги урне сите Градби"
-Timeline шо ќе се случува:
Септември: Ушче имат туристи, да не прајме застој на шеталишчено
Декември: Е не ќе рушуме за Божиќ, ќе не казни Госпо
Јануари: Ќе паднит снег, не ќе се гледет градбинеФевруари: КУР УНЕСКО
— Бапчо (@TheFitzzz) July 5, 2019
-Што е потребно за Охрид да остане на листата на светското наследство на УНЕСКО?
-Булдожери!— Нервозната (@toopersonal_1) July 5, 2019
Просто математички: Охриѓани треба да рушат дневно по 8 дивоградби за да го исполнат условот на UNESCO. Ако почнат денес!
— Кур Ткобејн (@RedRadish5) July 5, 2019
Светско, значи дека не е само на баба им и дедо им. УНЕСКО значи туризам, ама потребна е почит а не ароганција и поглед подалеку од сопственото чергиче. https://t.co/ce1pfdAOrX
— 100Le (@baljumbaljum) July 5, 2019
за да ни простат унеско сме морале да го исечеме чинарот со охридска пастрмка
— Џото (@Giotto_mkd) July 5, 2019
Охрид остана во УНЕСКО
Статусот не е променет.
Сега на ред е уривање на дивоградбите.
ДПМНЕ нека престане да зборува за Охрид и екологија зошто малку фалеше заедно со Субрата Рој да изградат комплелс на хотели на сред езеро.— Che (@Che_kubanecot) July 5, 2019
Не е за фалење ниту пак имаш/те било каква заслуга за ова. Не е успех!
Фатете се за работа! pic.twitter.com/gyOuXL0q3D— Сплинтер (@sinisa_goliOtok) July 5, 2019
Француски клуч за Охрид??
— i999y (@i999y) July 5, 2019
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата си даде рокови за да постапува по барањата на УНЕСКО за заштита на Охридскиот регион
(Фото) УНЕСКО ги „искорна“ палмите во Охрид
Твитер „полуде“: „Најубаво ќе биде ДУИ да ги заштитиме во УНЕСКО, секако никој ништо не им може“