еМагазин
Image default
Бизнис

Охридска банка ќе го зголеми капиталот преку издавање 119.000 акции

Собранието на Охридска банка АД Скопје на седницата одржана на 8.5.2020 година да донесе одлука за зголемување на акционерски капитал со издавање на обични акции со право на глас од 13-та емисија по пат на приватна понуда на институционален инвеститор, се вели во предлог одлуката за претстојното Собрание на банката објавена преку Македонската берза.

„Охридска банка АД Скопје ќе изврши зголемување на акционерскиот капитал со издавање на 119.000 обични акции со право на глас, во вкупен номинален износ од 315.350.000 денари (околу 5,1 милиони евра), за институционален инвеститор по пат на приватна понуда.

Намената на емисијата е зголемување на акционерскиот капитал на банката со нови уплати од страна на постојниот акционер „Штајермеркише банк унд Шпаркасен АД” заради одржување на соодветно ниво на стапка на редовен основен капитал и стапка на основен капитал, како и заштитните слоеви на капиталот пропишани со Закон за банки и подзаконската регулатива“, се вели во соопштението.

Износот на ново запишаните акции е дел од редовниот основен капитал на банката. Номиналната вредност на една акција изнесува 2.650 денари. Продажната вредност на една акција изнесува 5.168 денари, додека вкупната продажна вредност на акциите што се запишуваат изнесува 614.992.000 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Охридска банка ќе одржи Собрание без физичко присуство на акционерите

Охридска банка лани оствари добивка од 3,8 милиони евра

Нова понуда на Охридска банка: Станбен кредит со 10 години фиксна каматна стапка од 3,5 %

Охридска банка го зголемува акционерскиот капитал за 10 милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов повик за практикантство во компаниите

Редакција

“Балканики аноними етериа петрелеу“ купи 3.208 акции на ОКТА

Редакција

Буџетот на Општина Струмица за 2023 година 27 милиони евра, на што ќе се трошат парите на граѓаните?

Редакција