еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Онишченко за македонското државјанство: Го добив легално, имам и компанија во Македонија. а планирам и нови инвестиции

Украинецот Олександар Онишченко во интервју за „Слободен печат“ вели дека за македонското државјанство чекал две години и дека го добил на легален начин, а во Македонија дошол на покана на својот колега јавач Лука Заложник, кој од него побарал да биде спонзор и член на  македонската репрезентација.

Пред да добие документи од земјава тврди дека добил и германски документи каде во моментов е и неговото живеалиште, а има и сопствена компанија во земјата.

За обвинувањата во странските и македонските медиуми пак појаснува дека против него во моментов нема ниту еден доказ, ниту се води судски спор, а на црната листа на САД се нашол, бидејќи бил пријател на Доналд Трамп и изјавил дека синот на Џо Бајден е корумпиран.

Онишченко во интервјуто вели и дека во Македонија има своја компанија, а во наредниот период планира нови инвестиции во земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на АНБ, Димовски в петок ќе објаснува пред собраниската Комисија за државјанството на Онишченко

Онишченко кој доби македонско државјанство пријавен на адреса во Пржино, никој никогаш не го видел

Избеган украински пратеник, кој е под санкции на САД, добил македонско државјанство и ја претставувал Македонија во коњички спортови

Фото: Призма/Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Момче од Кочани останало да спасува настрадани во пожарот и загинало

Редакција

„Многу трпев влијание од страна на политичките партии, за сите одлуки,“ изјави Јанева на судењето за „Рекет“

Редакција

Бугари организираат собир за поддршка на Македонија пред Француската амбасада во Софија

Редакција