еМагазин
Image default
Македонија

Општина Центар: Несовеснота на родител стави 22 првачиња во училиштето „Гоце Делчев“ во самоизолација

Општина Центар ја информира јавноста дека уште 22 првачиња распоредени во две паралелки од центарското основно училиште „Гоце Делчев“ се во изолација.

Мајка на едно од првачињата, која е и наставник во училиштето, иако веќе неколку дена имала симптоми на корона вирусот, и не одела на работа, сепак детето го носела на настава.

Општина Центар најостро го осудува неодгворното однесување на наставничката и бара од директорката целосно да го испита случајот и соодветно да ја санкционира наставничката.

„Нагласувам дека вакво несовесно и неодговорно однесување на еден просветен работник не смее да биде толерирано. Наставниците треба да бидат пример како се работи посветено за доброто на децата и во никој случај не смеат да дозволат со своето однесување да ја доведат во опасност безбедноста на учениците “, вели градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, кој е во постојан контакт со директорите на основните училишта, кои работат според препораките на надлежните здравствени институции.

Општината ги презема сите чекори за одржување на хигиената во училиштата и апелира до образовниот кадар и до родителите да ги почитуваат здравствените мерки и препораки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во скопското училиште „Гоце Делчев“ заразена наставничка, 17 деца во изолација следат онлајн-настава

Фото: Општина Центар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пријателот на Орхан Бајрами Оки, кој беше ранет при неговото убиство е во стабилна состојба

Редакција

Некогаш репер ни беа Кембриџ и Оксфорд, денеска ни е за жал Велико Трново, вели Мицкоски за бугарскиот Универзитет кој ќе работи во земјава

Редакција

Убава вест: Оздравени 18 болни од Ковид-19

Редакција