еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Општина Гостивар ги укина службените мобилни телефони

Трошоците за претплата, разговори и други услуги на над 50 телефонски броеви нема повеќе да ги плаќа општина Гостивар. Во иднина, службените телефони ќе станат приватни и фактурите ќе си ги плаќаат самите службеници.

Укинувањето на поволностите ги најави градоначалникот Арбен Таравари преку својот „Фејсбук“ профил како дел од кампањата „Да го штедиме буџетот“.

– Ниеден вработен во општина Гостивар, од почеток на август 2019, нема да користи службен телефон. #ДаГоШтедимеБуџетот, стои во постот на Таравари.

Според секретарот на општина Гостивар, Назми Јусуфи, договорот со досегашниот мобилен оператор не е продолжен и нема да се склучува нов.

– Броевите кои беа опфатени со договорот, во иднина ќе бидат приватни и лицата кои досега ги користеа сами ќе си ги плаќаат трошоците. Овој потег е во рамки на кампањата за штедење и намалување на трошоците. Досега за трошоците за мобилни услуги, општината плаќаше над сто илјади денари месечно. Од овој месец сите вработени сами ќе ги плаќаат сметките, изјави Јусуфи за МИА.

Според досегашната пракса, поголем дел од вработените, раководителите на сектори и други служби кои се под надлежност на локалната самоуправа, користеа службени телефони. За оваа намена на годишно ниво од општинската каса се одлеваа близу 20 илјади евра.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Нуркање на 2.218 м.н.в. на Големо езеро Пелистер

Редакција

Кристина Форстер на предавање во Скопје ќе открие која е иднината на контент маркетингот

Редакција

(Фото) Life is a party, dress like it-најдоброто од Румор достапно веднаш!

Редакција