еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Општина Сарај ниту ќе ги легализира, ниту ќе ги урива дивите платформи на Матка

Блерим Беџети, градоначалникот на Општина Сарај, денеска изјави дека нема да даде решение за легализација на дивите платформи на Матка, но и дека не може ни да ги урне, бидејќи имало барање за нивна легализација.

Информираше дека на Матка има три бесправно изградени платформи, но рече дека тие не се изградиле сега, туку многу одамна, а тој само ги наследил.

“Ова е стар случај со Матка и не случајно општината е единствената институција која прва се изјасни дека има три бесправни објекти во вид на платформи и за кои уште во првата изјава кажав дека не сум за легализација, бидејќи не ги исполнуваат условите за легализација.

Но, сепак мора да ја запазиме постапката“, изјави Беџети.

Начинот како се справуваат надлежните институции со овој проблем деновиве предизвика лавина од негативни реакции во јавноста и на социјалните мрежи, а од Антикорупциската комисија најавија дека тие ќе отворат предмет, оти сите институции се прогласија за ненадлежни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бреј ни една дива платформа на Матка неможат да срушат!

Антикорупциска отвори предмет за дивоградбата на Матка, оти сите институции се прогласија за ненадлежни

Фото: Беџети/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: Нема да биде лесно, речиси е сигурно дека во текот на октомври или почетокот на ноември ќе дојде до преполнување на болниците

Редакција

Го прекрши ли Бугарија повторно Договорот за добрососедство со преименувањето на 24. Мај?

Редакција

Владата вработува 13 лица, плата до 31.414 денари

Редакција