еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Оризовите галети се враќаат на „бис“

Многумина мислат дека на оризовите галети им поминаа нивните „5 минути слава“. Тие доживеаја бум во многу диети во 1980-тите и 90-тите години, поради ниското ниво на калории кое го содржат, а денес повторно се враќаат во полн сјај, како нискокалорична, здрава ужинка.

Не содржат масти, а содржат хранливи материи што даваат чувство на ситост. Тие се најчесто направени од кафеав ориз, што е житарка со цели зрна, полна со хранливи влакна, јаглени хидрати и антиоксидантни фитохемикалии кои помагаат да ги зачувате вашите клетки здрави.

Секој нутриционист, за оптимално здравје, препорачува диета која содржи разновиден свеж зеленчук, овошје, посно месо, нискомаслени млечни производи и цели зрна.

Оризовите галети многу убаво и природно се вклопуваат во ова здраво мени па затоа тие можат да играат важна улога во вашата исхрана.

Како закуска, можете да ги комбинирате со некој лесен намаз, путер од кикирики, хумус и што сè не. Бидејќи тие функционираат добро како замена за леб зошто да не ги користите и за сендвичи?

Ова се само некои од бенефитите на оризовите галети:

Полни се со јаглехидрати кои се извор на енергија за телото. Енергија која е потребна за согорување на калориите, кога телото изведува активности како што е спортот.

Богати се со железо кое служи да им помогне на црвените крвни клетки полесно да го врзуваат кислородот и со тоа да ја спречат анемијата.

Содржат калциум кој е добар за коските и ја спречува остеопорозата.

Помагаат во одбрана на слободните радикали поради присуството на Селен кој е суштински минерал, потребен на телото. Тој делува како антиоксидант во телото за да ги заштити клетките од оштетување предизвикано од слободните радикали.

Селенот исто така ја регулира активноста на тироидните хормони и им помага на крвните садови да функционираат исправно.

Содржината на витамин Б6 во оризовите галети може да помогне во регулирањето на апетитот, а исто така и расположението. Во поголеми дози, витаминот Б-6 може да ги ублажи симптомите на предменструалниот синдром.

Оризовите галети се добар извор на пробиотици кои ја хранат цревната флора со добри бактерии што се неопходни за подобар имунолошки систем. Покрај тоа, содржината на цинк во галетите исто така игра важна улога кога станува збор за подобрување на имунитетот.

Доколку ви се здодевни да ги јадете сами, пробајте некоја од овие идеи:

Оризови галети со исечкани варени јајца.

Оризови галети со путер од кикирики и исечени јагоди или банани (можеби и преплавени со малку мед).

Оризови галети со урда, лосос и зачини.

Додека експериментирате со оризовите галети и нивната бескрајна примена во кујната, уште еднаш ќе се уверите дека тие никогаш нема да излезат од мода.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Даниловски: Зошто баш ние шампиони во смрт од Ковид-19 да бидеме?

Редакција

Проф. Трајковски за Омикрон сојот: Вакцинирање со трета доза на постарите, а особено на тие вакцинирани со кинеските вакцини

Редакција

Секој ден пожари: Државата во пламен, што да очекуваме на лето?

Редакција