еМагазин
Image default
Бизнис

„Орка холдинг“ неколкукратно ја зголеми добивката

„Орка холдинг“ во текот на минатата година оствари добивка по оданочување од 392 милиони денари или околу 6,3 милиони евра, што е неколкукратно зголемување во однос на претходната 2017 година кога холдингот остварил добивка од 9,6 милиони денари или околу 156.000 евра, покажува ревизорскиот извештај за работењето на „Орка холдинг“ во 2018 година објавен преку Македонската берза.

Според извештајот, доминатни акционери во „Орка холдинг“ се компаниите „Камчев консалтинг“ со сопственост на 67 отсто од капиталот и „Орка фајнанс“ со сопственост на 33 отсто од капиталот.

Станува збор за компании зад кои стои бизнисменот Орце Камчев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕДС го доби тендерот за набавка на струја на битолската Клиничка болница вреден 15 милиони денари

Редакција

Значителен раст: За шест месеци во Македонија странски инвестиции од 327 милиони евра

Редакција

Бектеши ќе се бара одговорност од сите кои нема да ги исполнат плановите за производство на струја

Редакција