еМагазин
Image default
Бизнис

Осигурување Македонија ја зголеми добивката

Осигурување Македонија а.д. Скопје – Виена Иншуренс Груп заклучно со 30.09.2018 година има остварено добивка пред оданочување во износ од 68,4 милиони денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Во истиот период 2017 година Друштвото оствари добивка пред оданочување во износ од 56,4 милиони денари.

„Бруто полисираната премија бележи пораст во однос на истиот период од минатата година од 5,8%. Основните причини за зголемената добивка во периодот од 01.01- 30.09.2018 во однос на истиот период 2017 година се порастот на нето заработената премија за 5,7%. Нето настанатите штети споредени со истиот период 2017 бележат минимален пораст на за 0,6%. Друштвото е во насока да го задржи трендот на остварување на позитивен финансиски резултат и во 2018 година, со стратешка определба на зголемување на обемот на квалитетни осигуреници“, соопшти компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Извештај на Стејт департмент: Корупцијата во владините тендери во Македонија е проблем за инвеститорите

Редакција

„ГТЦ“ ја зголеми добивката за 198 отсто

Редакција

Патарините низ Србија, Македонија и Албанија наскоро ќе се наплаќаат со еден ТАГ уред

Редакција