еМагазин
Image default
Македонија

Ахмети е повикан во Хаг како сведок, тврди Османи

Пред државни микрофони не одговарам на партиски прашања, но Али Ахмети е повикан во Хаг како сведок, истакна денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров по повод размената на ресорите.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, утре треба да сведочи на Специјалниот суд за воените злосторства во Косово.

Како што беше потврдено од неговиот кабинет, Ахмети ќе оди за Приштина да сведочи за неговата улога во ОВК.

Меѓународните обвинители побарале Ахмети да биде два дена на располагање за неговото сведочење.

Лидерот на ДУИ Ахмети минатиот месец на неговиот Фејсбук-профил објави дека на покана од Специјалното обвинителство со седиште во Хаг кое ги истражува злосторствата за време на војната во Косово, како сведок и еден од основачите на ОВК. 

МИА/Фото: Ахмети/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Новинарите со протест им порачаа на политичартите „вака веќе неможе„

Редакција

Нови осум случаи на Ковид-19 од 3.265 тестирања, бројката на активни е 287

Редакција

Убава вест: 1.880 оздравени од Ковид-19

Редакција